Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми.

Како што соопшти Кабинетот на Адеми, Ромео изрази интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евро-интеграциите, истакнувајќи ја целосната поддршка од италијанска страна.