Фото: Фејсбук/Кастриот Реџепи

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи преку Фејсбук најави дека ќе ги открие деталите за неговата одлука да не учествува на вчерашната собраниска седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата, а која беше прекината поради отстуство на кворум.

– Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за сѐ – порача Реџепи, додавајќи дека ќе се појави на прес-конференција в понеделник.

Тој апелира до раководството на Движењето Беса да не презема избрзани чекори кои би им наштетиле на партиските структури и активистите.

– Емоциите треба да се остават настрана, а постапките да се прават разумно – заклучи Реџепи, заблагодарувајќи се на грижата и поддршката кои ги добивал од пријателите и семејството.