Пратеникот Кастриот Реџепи е убеден дека Македонија до крајот на јануари ќе ја стартува европската приказна, објавува телевизијата „Сител“.

Пратеникот кој прво стави потпис, а потоа во последен момент се предомисли за недоверба на Владата поради убедување од европските партнери дека Македонија е пред неповторлива можност, сега повторно вели дека сите домашни и меѓународни информации се позитивни.

– Сѐ уште верувам дека е доста значаен момент. Сме многу блиску да се надминат пречките и започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската Унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството каде што беше кажано дека веќе испратен е документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка – рече Реџепи во изјава за „Сител“.