Не убедуваа во комунизмот и сега сé уште не убедуваат дека тоа не може, но сега дојде времето претседател на државата да биде Албанец и тоа треба да го поддржите на претстојните избори. Со овие зборови кандидатот за претседател Блерим Река го побара гласот од гостиварци на предизбориниот митинг во Гостивар.

Река кој е поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, во неговото обраќање во Ценатрот за култура АСНОМ ги критикуваше активностите на владината коалиција за евроинтеграциите. 

Членството во НАТО, според Река, е завршена работа и тој смета дека процесот конечно ќе заврши идната година, но треба да се води сметка и за потребите на народот.

– Ние сакаме да ја спречиме тенденцијата на иселување на младите од земјава. Што ќе ни се концепти за ЕУ и НАТО кога ќе завршиме со петстотини илајди жители помалку – потенцира Река. С.Н.М.