Независниот кандидат за претседател Блерим Река претседателската кампања ја продолжи со средби со граѓани во скопските села Чифлик, Батинце, Патишка Река и Студеничани.

Заедно со него беше и лидерот на Дижењето Беса, Биљал Касами, кој на средбите рече дека го поддржуваат Река бидејќи силно веруваат во концептот на една држава или „Република за сите“, но и дека оваа е единствениот пат што ќе ја направи Македонија држава со европски вредности.

-Македонците, гласајќи за професор Блерим Река, сега ја имаат шансата да докажат дали се за држава што ќе биде рамноправна, како за Македонците, така и за Албанците. Ние јавно им велиме дека без рамноправни Албанци во водењето на државата иднината на Македонија ќе биде несигурна- нагласи Касами. C.Н.М.