ПОЈАСНУВАЊЕ

До Редакцијата на нашиот весник вчера пристигна допис од проф. Светомир Шкариќ, кој го објавуваме интегрално.

Согласно чл. 16 од Уставот на РМ молам во вашиот весник да се објави исправка, во врска со написот,,Што тврделе некогаш, што кажуваат сега“, што го објави НМ на 13 септември 2018 година.
Новинарот со иницијали Н.М. кога пишува за „Ставовите на Шкариќ порано“ се повикува на заклучокот од книгата „Спорот за името – Грција и Македонија“ (Студентски проект) од 2008 година. При тоа, ставовите во 37 напишани реда ги претставува како мои ставови. А книгата нема заклучок. Оттука, наведените ставови не се мои ставови. Нека новинарот точно ги лоцира наведените ставови во книгата (со одбележување на страниците) и нека го утврди нивниот вистински автор.
Молам исправката да ја објавите на иста страница од весникот на која моето презиме се поврзува со туѓи ставови.

Со почит,
проф. Светомир Шкариќ


ОДГОВОР ОД РЕДАКЦИЈАТА

Во текстот за кој реагира почитуваниот професор се користени податоци што се јавно достапни и објавени во книга од студентски проект, чиј раководител и редактор бил токму професорот Светомир Шкариќ. Сепак, бидејќи професорот бара ние да ги лоцираме страниците и авторот на напишаното во интерес на јавноста, еве го и тоа.
На стр. 433 од книгата, професорот Шкариќ нагласува, тврдењето го пренесуваме интегрално: „Со забраните за придавките македонски – македонски народ, МАНУ, МПЦ, авторите на предлогот сакаат да нѐ обезличат и македонските преговарачи мораат да инсистираат таквите забрани да отпаднат. Предлогот на Нимиц е само продолжение на една опасна геополитика на ОН за Македонија, која почна со Рамковниот договор. Временската ограниченост на Резолуцијата и предлогот таа да се преиспита за 15 години дестабилизирачки ќе влијае и на Грција и на Македонија, но и воопшто на регионот“.
Токму овој негов став беше пренесен и во текстот на кој реагира почитуваниот професор.
Понатаму, почитуваниот професор уште вели дека книгата нема заклучок.
Сепак на нејзината 439 и 440 страница, со јасни болдирани букви пишува ЗАКЛУЧОК, од каде што и се пренесени делови во нашиот текст.

Со почит, Редакција на „Нова Македонија“


Изавадоци од книгата „Спорот за името – Грција и Македонија“