Фото: Маја Јаневска-Илиева

ЕУ може да поставува задачи, рокови и датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и Македонија кои се наоѓаат во средиштето на Европа, ниту иднината на нашите народи во европското семејство, истакна албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по учеството на првиот Економски форум Скопје.

Рама смета дека ЕУ уште еднаш потфрлила да донесе вистинска одлука, коментирајќи ја новата блокада од Бугарија за почеток на преговорите со Унијата на двете земји.

– Што и да биде одлучено во Брисел ние ќе останеме посветени за да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство. ЕУ може да поставува задачи, рокови и датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и Македонија кои се наоѓаат во средиштето на Европа, ниту иднината на нашите народи во европското семејство – вели албанскиот премиер,

Тој нагласи дека Албанија ја завршила својата задача, како и дека ќе продолжи со сите сили со напредокот.