Владата во Софија беше критикувана од бугарскиот претседател Румен Радев кој смета дека таа не направила доволно за да им ја претстави на западните партнери бугарската позиција за Македонија.

– Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во Република Северна Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарските власти не успеаја да и ја претстават на ЕУ позицијата на Бугарија за Република Северна Македонија. Изминатата година беше година на бурни и драматични настани во која институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите – кажал Радев на прес-конференија на која давал отчет за сработеното во изминатите четири години.

Радев најави дека заедно со потпретседателката Илијана Јотова ќе се кандидира за втор мандат како шеф на државата на претседателските избори што ќе се одржат на крајот на годинава.