Членството на земјите од западен Балкан во НАТО кое Бугарија го поддржува, го намалува потенцијалот за конфликти во нашиот сложен регион – изјави Бугарскиот претседател, Румен Радев.

Тој во интервју за руската агенција ТАСС, вели дека идејата оти безбедноста на една земја се осигурува на сметка на друга е погрешна и дека членството на Македонија во НАТО не може да претставува закана за никого, туку го намалува потенцијалот за регионални конфликти.

Бугарскиот претседател смета дека треба да се намалат тензиите меѓу НАТО и Русија и да се воспостави целосен дијалог во врска со безбедносните прашања.