По гласањето на денешните избори во Бугарија, бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите ги коментираше односите, преговорите и блокадата со Македонија.

Радев изјави дека политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт во Бугарија или каков е составот на нејзиниот парламент, туку зависи од дијалогот помеѓу Скопје и Софија, како и исполнувањето на критериумите за членство од страна на Скопје.

На прашањето дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата за Македонија, Радев категорично изјави дека раководството на Македонија мора самото да го стори тоа преку јасни и категорични резултати и активности.