Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, кажа бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со неговиот италијански колега во Рим.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро – истакна Радев, кој потенцира и дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од Македонија да поминат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.