Фото: Игор Бансколиев

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство.

Средбата што ќе се случува во Собранието е прва по лидерската средба на претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што се одржа на почетокот од овој месец, а на која не беше изнајден заеднички јазик за овој закон.

Мицкоски по лидерската средба рече дека планот на Заев бил да не биде постигнат договор. Тој обвини дека премиерот сака да го контролира обвинителството за да не одговара за „Рекет“. Од друга страна, премиерот Заев по лидерската средба изјави ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија. Заев е дециден дека Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот.