Во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ вечерва во Битола се одржа протест против политиките на Владата на премиерот Зоран Заев и распродажбата на националните интереси.

На протестот пред присутните се обрати Иванчо Тошевски кој јавно порача дека битолчани нема да се повлечат и секојдневно ќе бидат на улиците, се до конечниот пад на Зоран Заев.
– Зоран Заев, ниту пак кој било друг политичар, нема право да задира во македонскиот идентитет, бидејќи Македонија не е ничија своина, туку наша татковина.
 Битолчани ќе останат на браникот на Македонија и нема да дозволат пазарџии од типот на Заев да ја ставаат на распродажба – изјави локалнит лидер Иванчо Тошевски.

М.М.