Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли кој од вчера се наоѓа во посета на земјава, денеска ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По состанокот, предвидена е средба и со координаторите на пратенички групи и претставници од други политички партии во Собранието.

Сасоли вчера оствари средби со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. И на двете средби, Сасоли ја потврди поддршката за членството на Македонија во Европската Унија.