Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија.

Мишел ќе оствари средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да стане збор за новата методологија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Методологијата се очекува да се објави во првата недела од февруари, а првично Европската комисија планираше таа да се објави на крајот од месецов.

Претходно минатата недела во посета на земјата престојуваше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој повтори дека проширувањето на ЕУ за новата комисија е приоритет и оцени дека Македонија и Албанија се подготвени за преговори.