Излезеноста до 18.30 часот изнесува 49,19 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 808.268 лица, покажуваат обработените податоци од 3.138 гласачки места од вкупно 3.480.

Најголема излезеност од 76,59 отсто е забележана во Лозово, а најмала во Центар Жуша од 25,6 отсто.