Фото: Игор Бансколиев

Излезеноста до 15 часот изнесува 33,59 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 424.682 лица, покажуваат обработените податоци од 2.306 гласачки места од вкупно 2.454.

Најголема излезеност од 66,54 отсто е забележана во Вевчани, а најмала во Сарај со 15,45 отсто.