Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на [email protected].

Завчера гласаа лица кои се болни од ковид-19 и во самоизолација, додека вчера гласаа болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и денеска од 7 до 21 часот.

– Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје – се вели во соопштението.