По повеќе од дваесет часа, Собранието утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Опозицијата смета дека предложеното законско решение ги прекршува правните начела и не може да има закон за спор кој се решава со медијација и во судовите.

Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.