Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, и на високи меѓународни претставници.