Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање, e на дневен ред по точките од 111-та седница на Собранието, кое денеска ќе одржи продолжение на 114-та седница.

Измените на Законот за основање на државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, по скратена постапка; измените на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, по скратена постапка и измените на Законот за данок на добивка, исто така, по скратена постапка, како и Предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, се преостанати на дневен ред на 114-та седница

Преостанати точки на 111-та пленарна седница се и Годишниот извештај на Народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година и Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување кој се однесува на Македонија, како и повеќе барања за автентичко толкување на членови од закони.