Пратениците денес напладне ќе ја продолжат седницата за избор на двајца нови министри и тројца заменици-министри што ги предложи вчера премиерот Зоран Заев. Вчерашната седница беше прекината по неколкучасовна расправа.

Нина Ангеловска е предложена за нова министерка за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Кирил Колемишевски е предложен за заменик-министер за економија, Елизабета Наумовска за замени-министер за образование и наука, а Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.