Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 50 проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 90,81 отсто , а „против“ се 6,18 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Одѕивот на референдумот до 18.30 изнесуваше 34,09 проценти.