Собраниската седница за избор на новата влада предложена од мандатарот Зоран Заев почнува денеска, со што составот на единаесеттата влада треба да биде изгласан најдоцна до утре на полноќ, откако пратениците ќе го разгледаат и ќе дебатираат за предлогот.

Владината коалиција на СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме”, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника, а за избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе учествува на дебатата за изборот на новата Влада и ќе гласа „против“, според партискиот портпарол Димче Арсовски.

Бројот на министерски места во новата влада е намален за седум и сега ќе брои 19 министри и премиер.

Предвремените парламентарни избори во Македонија се одржаа на 15 јули.