Во Охрид денеска почна Охридскиот дијалог, чиј домаќин е премиерот Зоран Заев, а во коорганизација со Атлантскиот совет и Охридската група.

Министерот за надвореши работи, Никола Димитров, имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа почнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочуваат Македонија и регионот.

На настанот присуствуваат голем број дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка. Меѓу нив, на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет, кој ќе ја води неформалната дискусија.

Настанот се организира во очекување на полноправното членство на Македонија во НАТО.