Фото: Игор Бансколиев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети пристигнаа во Клубот на пратеници, каде за 14 часот беше закажана лидерската средба.

Нив ги придружуваат генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

По средбата, организирана според протоколите за заштита од ковид-19, најавени се изјави на Заев и на Ахмети, кои треба да соопштат за исходот од преговорите.

Двете партии вчера соопштија дека постигнат е сериозен напредок во преговорите и оти на денешната средба меѓу се очекува конечен договор за нова влада.

По договорот за нова влада се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери, да закаже продолжение на конститутивната седница и да биде избран претседател на законодавниот дом.