Грчката полиција одговори со шок бомби и солзавец на демонстрантите кои денеска ги нападнаа полицајците со камења и предмети во центарот на Солун, а кои потестираат против Договорот од Преспа.

Грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

И покрај инцидентите и солзавецот, насобраните граѓани остануваат на протестот.