Пописот официјално одложен за наесен

По четиричасовна дебата, собранието донесе одлука за одложување на пописот. Со 95 гласови „за“ и 12 гласови против, без воздржани, пратениците се согласија пописот да биде одржан од 5 до 30 септември.

Пратениците гласаа и за измените на Изборниот законик со кој на локалните избори се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за“, а против и воздржани немаше.

По завршување на 38. седница на Собранието започна гласањето по заостанатите точки од 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та пленарна седница.