Северна Македонија стана 30-та сојузничка на НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео и нагласи дека влезот во НАТО претставува врв на напорите правени во текот на многу години од Владата и народот на Македонија за членство во Алијансата.

– Членството на Северна Македонија во НАТО ќе доведе до подобра интеграција, демократија и безбедност во целиот регион. Членството на Северна Македонија исто така потврдува дека останува отворена вратата и за сите други земји, кои сакаат и можат да ги остварат реформите потребни за достигање на НАТО стандардите – наведе Помпео.

Американскиот Стејт депармтент посака добредојде на 30 -та земја членка додавајќи дека во понеделник македонското знаме ќе биде подигнато во Брисел.