САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

-Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО – објави државниот секретар Мајк Помпео на Твитер.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава. За десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.