Илустрација / Фото: МИА

Агенцијата со мониторингот на изборното медиумско претставување за локалните избори констатираше дека повеќе телевизии емитуваат платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Согласно Изборниот законик, учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, велат од АВМУ.

Сепак, одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изречно е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.