Преговорите за името треба да продолжат за да се изнајде решение на проблемот, одлучи синоќа Политичкиот совет на владеачката СИРИЗА, јави весникот „Контрањуз“.

Грчкиот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, на седницата ги информирал членовите на Политичкиот совет за средбите на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас, и за разговорите што ги водел „со властите во Скопје“ за надминување на спорот за името.

Политичкиот совет на СИРИЗА констатирал дека напредуваат преговорите со Поранешната Југословенска Република Македонија и дека за надминување е останато само прашањето што виси од барањата на грчката страна за промени во македонскиот Устав. Во врска со тоа било изразен ставот дека преговорите треба да продолжат за да се најде решение на проблемот.