Фото: Игор Бансколиев

Заклучно со вчерашниот ден, до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Седум приговори се поднесени од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачки места во општина Старо Нагоричане.

И СДСМ поднеле седум приговори, а се однесуваат на избирачки места во општина Шуто Оризари, општина Конче, во општина Кочани и во општина Чешиново-Облешево.

Еден приговор е поднесен од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на избирачко место во општина Пробиштип.

ДУИ поднеле пет приговори за избирачки места во општина Студеничани и во општина Желино.

Три приговори се од Група избирачи Енвер Пајазити кои се однесуваат на избирачки места во општина Брвеница.