Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Тој на социјалните мрежи се заблагодари на охриѓани кои гласале за него.

– Благодарам Охриде! Победа! Си го познавам својот народ, ги познавам охриѓани и убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените, разликата ќе биде многу поголема од првиот круг! – напиша Пецаков.

Инаку, и во првиот круг, Пецаков освои повеќе гласови од неговиот противкандидат Константин Георгиески од СДСМ.