Ребалансот на буџетот е пред сè изборен, а не развоен како што вели власта, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска дебата за ребалансот на буџетот за 2021 година.

– Целта е да се гласа за оваа влада која трпи критики од сите страни, не само од граѓаните, туку и од претставници на меѓународната зедница. Бидејќи сега е актуелна Олимпијадата и доколку има диспилина пљачкање, оваа влада ќе беше шампион, или ќе беа светски олимписки прваци. И тоа не го велам јас, туку и сите странци – рече Петрушевски.

Притоа пратеникот се осврна на последниот извштај на Стејт департментот.

– Ви велат дека спроведување на антикорупциските закони е селективно, законите не се пишуваат врз основа на анализи и се носат по скратена постапка и тоа ви го кажува опозицијата цело време. Од бизнисот пак има жалби за долги процедури, нетранспарентно трошење на парите кои завршуваат кај бизнис елитата на СДСМ. Или едноставно кажано оваа влада ја уназадува инвестицската клима и се труди само да воведува нови даноци – рече Петрушевски.