Петмина кандидати поднеле кандидатури за градоначалничката функција во Охрид на предвремените избори што ќе се одржат на 21 април.

Тоа се Кирил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите за градоначалчничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.