Под мотото „Излези за Македонија – доста е” попладнево во Прилеп, ВМРО ДПМНЕ одржа предупредувачки протест, блокирајќи го центарот на градот, на кој беше посочено дека е крајно време граѓаните да кажат „Доста е со погубните политики на Зоран Заев“.

– Добиваме информации дека Зоран Заев и преговарачот Владо Бучковски се на пат да го зададат последниот удар на македонштината и македонските национални интереси. Заев, не сработувајќи ништо 4 години, испокрадувајќи ја земјата, продолжува пазарџиски да ги распродава националните интереси – рече пратеникот Петар Ристески.
Тој ги повика сите граѓани на земјата за масовен одзив на протестите овие денови, со цел да му се каже на Заев дека тука се црвените линии.

Ка.М.