Претседателот Стево Пендаровски изјави дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна и не се очекува дополнително да биде загрозена во блиска иднина, по одржување на денешната седница на Советот за безбедност во „Вила Водно“.

 – Состојбата во земјата и во регионот е стабилна и нашата безбедност не може да биде загрозена. Евентуален нов бран на мигрантска криза би можел да биде проблем во идните неколку месеци. Најголема криза во моментов е пандемијата која продира во сите полиња. За првпат годинава имавме вонредна состојба, а армијата и полицијата имаа поинаков вид на задачи – истакна претседателот по седницата на Советот.

На состанокот, покрај премиерот Зоран Заев и собранискиот спикер талат Џафери, беа и министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, како и шефовите на трите македонски безбедносни и разузнавачки агенции.