Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.

На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Владимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.