Претседателот Стево Пендаровски на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Србија.

Во Белград, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Србија предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ.