Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Вилата Водно му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Церемонијата се случи откако Заев, во име на коалицијата „Можеме“, која освои најголем број пратенички мандати во Собранието, го информирал вчера претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на влада.

– Чест и одговорност ми е што согласно Уставот како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска од страна на претседателот Пендаровски го добивам мандатот за нова демократска, европска влада со институции коишто подобро ќе им служат на граѓаните – рече Заев.

Тој најави дека во рок од 20 дена ќе изготват програма и ќе направат обид за составување на стабилна влада.