На 30. септември да не дозволите некој друг да решава за вашата иднина. Вие сте растени во дигиталниот глобален свет и без било какви дилеми сте најкосмополитската генерација која било кога живеела во оваа земја. Затоа вие најдобро може да ја направите разликата помеѓу тоа да бидете слободни граѓани на светот и да живеете во изолирана енклава, во заробена држава, во која наместо вредности, правила и принципи, ќе владее партија, поединец или фамилија.

Ова им го порача Стево Пендаровски, национален координаторот на Македонија за НАТО на малдите учесници во школата на која ќе се запознаат со прашања врзани со безбедноста, одбраната и интеграциите во НАТО, чиј почеток денеска беше означен со конференција на тема „НАТО интеграцијата – предуслов за безбедност и развој“.  

– Младите секогаш во сите општества се во првите редови на промените заради својата енергија и волја. Според сите анкети кои ги имам консултирано до денеска, процентот на млади кои ќе гласаат „за“ на 30. септември е убедливо поголем од бројот кои ќе гласаат „за“ од сите други возрасни категории. Но, проблемот со младите е што покрај јасно дефинираните ставови не секогаш излегуваат на гласање на денот на изборите, рече Пендаровски.

Според него, безбедноста на државите отсекогаш бил првиот предуслов за економски развој. Тоа значи, подвлече, дека членството во НАТО го обезбедува првиот услов за да имаме просперитетни граѓани и држава.

– Во Македонија тоа го знаат огромното мнозинство граѓани и што е посебен куриозитет мнозинство од сите етнички заедници кои живеат тука. Според својот кохезирен потенцијал, членството во ЕУ и во НАТО е без конкуренција, нагласи меѓу другото Пендаровски, додавајќи оти Македонија во овој момент има поголем процент поддршка за Алијансата од сите нејзини постојни земји-членки, со исклучок на Албанија.

Пендаровски информира дека не е точен податокот оти заложбата на Македонија за интегрирање во НАТО датира од декември 1993 година кога сите парламентарни партии застанаа зад декларацијата за членство во Алијансата.

– Благодарение на првиот министер за одбрана во независна Македонија Трајан Гоцевски знаеме дека 1992 година на Седница на Советот за безбедност во мај под раководство на претседателот Киро Глигоров е донесена одлука Македонија да побара членство во НАТО. На состенокот биле разгледувани повеќе варијанти меѓу кои и опцијатра да се прогласи воена неутралност, информираше Пендаровски.

Данијела Баришиќ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија говорејќи за хрватските искуства од членството во Алијансата потенцира дека околу 66 проценти од граѓаните го поддржувале членството во НАТО.

– Многу е важно да ги знаете аргументите и придобивките. На 30.септември имате избор и одговорност да живеете со одлуката што вие сте ја донеле. Искористите ги вашите граѓански права и изберете дали сакате да бидете дел од ЕУ и НАТО, можеби тоа не е соврешено решение, но не знам што би било подобро отколку да се биде член на НАТО и ЕУ, рече Баришиќ, додавајќи оти Хрватска сака да ги види сите соседи како дел од стабилен и просперитетен регион и токму затоа, повика- излезете да изберете иднина за вашите деца.

За Горазд Бартол, од НАТО канцеларијата во Скопје, кој откако почнал да  ја извршува неговата функција, како што рече, по неколку месеци бил шокиран. Потенцира дека Македонија има направено голем чекор напред во 

– Ме испратија од НАТО да и помогнам на земјата да оди напред, да го реализира планот за членство со задачите, но дојдов до заклучок оти нема да биде едноставна работа. Токму заради тоа бев шокиран. Не можев да ги искористам своите искуства во војската. Потоа во Брисел 28 нации, во тој период, побараа извештај и дојдов до заклучок дека сите 28 нации пратија јасна порака дека Македонија да стане член на тој клуб, истакна Бартол.