Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

– На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа! – рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на указот.

На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.