Фото: Игор Бансколиев

Претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски води со 59,92 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 36,79 отсто, според првичните резултати објавени на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 21,36 отсто од избирачките места

Одзивот во вториот круг на претседателските избори изнесуваше 44,5 проценти, до 18.30 часот.