Фото: Игор Бансколиев

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, има водство од околу 60 илјади гласови во однос на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, според официјалните резултати што ги објавува Државната изборна комисија.

Досега обработени се 87,88 отсто од гласовите. Според овие податоци, Пендаровски има 380.946 гласови, додека Сиљановска-Давкова 320.393 гласови.

Досега, 25.909 ливчиња се неважечки.

Првичните неофицијални резултати се очекува ДИК да ги соопшти околу 22 часот.