Фото: Дарко Андоновски

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 81,38 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,59 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 41,60, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,57 отсто.

Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 242.051 граѓани, за Силјановска 236.426, а за Река 65.736 граѓани.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18.30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.