Доколку не успееме да се договориме за изборите со опозицијата, тоа ќе значи влез во длабока политичка криза, која не е исклучено да премине во безбедносна криза, соопшти претседателот Стево Пендаровски.
– Знам дека повеќето од нашите граѓани не размислуваат за избори, меѓутоа избори во време на корона, која нема бргу да си замине, се потребни за избор на функционално Собрание и регуларна, а не техничка влада. Доколку не успееме да се договориме за изборите со опозицијата, тоа ќе значи влез во длабока политичка криза – рече Пендаровски.

Тој ги повика лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, уште денеска на лидерска средба, на која ќе се разговара за датумот за избори.

– Упатувам повик да седнеме уште денеска да ја решиме оваа ситуација со ставање на државните над партиските интереси – рече Пендаровски.