Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.

– Сѐ уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање – изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.

Прашан каква е позицијата на БПЦ за автокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.

– Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме – рече патријархот Неофит, без да соопшти повеќе детали.