Фото: Дарко Андоновски

Во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за напролет идната година, во домашната експертска јавност се отвораат неколку концепти и размислувања кој всушност би бил вистинскиот пат за мобилизација и активирање на граѓаните. Таквите концепти се анализираат пред очите на јавноста, се проследуваат низ медиумите, за да стигнат до што поголем број граѓани, кои на тој начин ќе имаат поголема можност да им дадат легитимитет на одредени конкретно понудени политики. Граѓаните ќе имаат можност да се уверат во исправноста на понудените политики, можност сѐ поголем број доброволно да ги прифатат истите тие, а со тоа (да очекуваат) да добијат за возврат заштита на своите законски загарантирани права, односно со поголема веројатност да добијат функционална држава

Во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за напролет идната година, во домашната експертска јавност се отвораат неколку концепти и размислувања кој всушност би бил вистинскиот пат за мобилизација и активирање на граѓаните. Таквите концепти се анализираат пред очите на јавноста, се проследуваат низ медиумите, за да стигнат до што поголем број граѓани, кои на тој начин ќе имаат поголема можност да дадат легитимитет на одредени конкретно понудени политики. Граѓаните ќе имаат можност да се уверат во исправноста на понудените политики, можност сѐ поголем број доброволно да ги прифатат истите тие, а со тоа (да очекуваат) да добијат за возврат заштита на своите законски загарантирани права, односно со поголема веројатност да добијат функционална држава.

Два актуелни активизми за општествен раст и развој

Според домашните аналитичари и професори, во моментов се актуелни два активизми, од кои едниот е канализиран преку политичките партии, а другиот активизам е во рамките на цивилниот сектор, невладините организации, граѓанските здруженија, па и неформалните групи граѓани.
Според првиот, односно класичниот партиски активизам, тоа подразбира граѓаните преку препознавање и идентификување на понудата и програмите на политичките партии и нивната теренска работа да нудат решенија за општествените проблеми.
Според второто становиште и концепт, будењето на цивилниот сектор и т.н. граѓански активизам во Македонија може да придонесе за мобилизација на граѓанското општество и „преземање“ на државата за да се ослободи општеството од целосната султан-партизација, од која всушност стагнира и самата државата.

Што нуди партискиот, а што граѓанскиот активизам?

На прашањето колку партискиот активизам всушност е значаен во насока политичките елити да се доближат до граѓаните, политикологот Милан Стефановски вели дека во Македонија со години партиите преку свои митинзи и средби со граѓаните применуваат метод за мотивација на гласачите да излезат на гласачките места. Оттука, за него партискиот активизам во земјава, која, за жал, сѐ уште го користи изборниот модел со шест изборни единици и не дозволува да има модел на отворени листи за гласање, сѐ уште е примарен метод преку кој граѓаните ги препознаваат понудите на партиите.
– Целата кампања и политичкото дејствување на партиите се сведуваат на идентификација на избирачите и правење база на адреси и телефони за да се повикуваат гласачите да излезат на изборниот ден. Митинзите и партиските предизборни активности од типот одење од врата на врата и разговор со граѓаните дозволуваат да се формира политичката програма на партијата од која подоцна се комплетира со барањата на граѓаните и се става на тест на денот на изборите. Граѓаните имаат можност на денот на гласањето да изберат за која програма или политика сакаат да се определат врз претходна нивна анализа од понудите на политичарите. Во целиот овој систем сведоци сме дека низ годините изостанува иновативноста кај партиите, но и понудата за решавањето на проблемите на граѓаните. За жал, тоа е единствениот модел со кој граѓаните се претставени од постојните политички структури во земјава – оценува Стефановски.
Од друга страна, за т.н. граѓанскиот активизам докторандот на УКИМ и познавач на состојбите во граѓанските комуникации Петар Богојески има сосема различен став. Според Богојески, во овој момент нашата држава е во политичка криза токму поради фактот што огромен број граѓани не се претставени од постојните политички структури. Како што наведува Богојески, потребно е да се понудат идеи што ќе ги анимираат граѓаните од незадоволството и од едните и од другите и, наместо деструкција, да се поттикнат конструктивност и заеднички просперитет.
– СДСМ опаѓа, ВМРО-ДПМНЕ не мрда од мртва точка. Заедно двете најголеми партии едвај да анимираат 25 отсто од населението. Тоа е веќе црвено светло. Тоа е пример, „по книга“, за почетна фаза на длабока дестабилизација на државата, политичкиот систем, која може да прерасне и во институционална – пишува во својата колумна Богојески.
Според него, сето ова наведува дека е време за активизам, и тоа граѓански активизам. Тој тврди дека политичките елити не дозволуваат таков активизам надвор од нивната контрола.
– Крајно е опасно да се остави неанимирано две третини население од земјата. Тие не се препознаваат во понудата. Не ја поддржуваат. Збоктисано им е… Без идеја, без понуда… Треба проекти што граѓаните ги препознаваат за свои и потребни. Кои се општокорисни. Кои се во интерес на државата. Истата ја надополнуваат и ја надградуваат. Ставаат дополнителна арматура и бетон во темелите на Републиката. Дали има предуслов за да биде дел од Македонски концепт? Секако! Не правиме компромис со една работа, македонската државност! Или ја поткрепуваш или не! Тука нема оправдување или дилема. Ако твојата визија е опстојување на независна македонска Република, тогаш твоето место е во Македонскиот концепт – вели Богојески.

Фото: Игор Бансколиев

(продолжува)
[email protected]