Започнува караванот на коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови

Започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови. Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од ковид-19, коалицијата „Можеме“ најави дека ќе организира изборна кампања по строго утврдени протоколи.

– За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми. За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Соња Мираковска.

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела).


Мицкоски на средби со граѓаните во Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Охрид, каде во 20 часот ќе има средба со граѓани. Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 ќе ја посети скопската општина Карпош, и ќе даде изјава пред платото на Драмски театар во 20 часот.

Владо Мисајловски, носител на Изборна единица 2 ќе го посети Ѓорче Петров и ќе даде изјава за медиуми во 12 часот пред црквата Св. Петар и Павле.

Александар Николоски, носител на Изборна единица 4 ќе ја посети Струмица, и ќе даде изјава за медиуми во 12 часот, на плоштадот пред споменикот на Гоце Делчев.Игор Дурловски, носител на Изборна единица 5 ќе го посети с.Велгошти, каде во 17 часот ќе даде изјава за медиуми.Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6 ќе го посети Тетово, каде ќе има изјава во 12 часот пред црквата Св. Кирил и Методиј.


ДУИ ја започнува кампањата од Преспа

Демократската Унија за Интеграција денеска во Преспа ќе ја започне изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули со промотивна конвенција кандидатите за пратеници.

Конвенцијата започнува во 13 часот и ќе се оддржи кај одморалиштето.